Бумбари бенд презадоволни од досегашната соработка со ИН Продукција

Бумбари бенд презадоволни од соработката со ИН Продукција. При нивното гостување искажаа благодарност за големата промоција на нивните песни кои минатата година беа промовирани на ИН ТВ.

Бумбари бенд минатата година снимија две песни кои беа промовирани на ИН ТВ. Тие се презадоволни од соработката со ИН Продукција и потенцираа дека нивните песни наидоа на голема гледаност од публиката.

-Минатата година снимивме две песни коишто истотака ги имаме промовирано во ИН ТВ, благодарност до вас како медиум. Па еве песните сеуште се пуштаат, ги гледаме и ние секогаш сме презадоволни од вашите покани, ви благодариме за тоа и секогаш со драга волја ќе присуствуваме кај вас во вашата ИН ТВ.-истакна Тони Наумов.

Тие за претстојниов период имаат  веќе закажани настапи на семејни веселби низ Македонија, а во моментов се во преговори за концерти во подалечните земји. Во соработка со ИН Продукција снимија видео проект за нивните нови кавери, за кои веруваат дека ќе бидат добро прифатени од јавноста со оглед на тоа дека станува збор за убави стари македонски песни. Членовите на овој бенд се надеваат дека 2018-та ќе биде уште подобра и побериќетна од минатата.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*