Мегапопуларните „Спајс Грлс“ повторно заедно

Бендот „Спајс Грлс“ најави нови проекти откако членките се обединија за прв пат по 2012 година, пишуваат британските медиуми.

„Сега е вистинско време заедно да истражиме некои неверојатни, нови можности“, се наведува во соопштението на бендот што во деведесеттите години од минатиот век беше вистинска поп сензација.

Како што пишува Би-Би-Си, обединувањето се случило во куќа на една од членките на бендот. На состанокот покрај Пош, Џинџер, Спорти, Скери и Бејби присуствувал и нивниот поранешен менаџер Сајмон Фулер.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*