Александра Пријовиќ јавно проговори за односот со Брена

Неколку пати до сега се шпекулираше дека Александра Пријовиќ и Лепа Брена се скарале, но младата пејачка се огласи и ги изненади сите.

Имено наводно Брена ја обвинува Александра затоа што Филип ја запоставил својата музичка кариера, но таа сепак ја раскажа својата приказна.

„Брена и јас никогаш не сме имале ни најмали проблеми. Што повеќе време поминувам со неа, се повеќе сфаќам каков човек е. Таа ми е како мајка и може за се да разговараме“, рекла Пријовиќ и додала дека немало никакви проблеми на заедничкиот одмор како што се шпекулираше.

„Мене моите родители ме научија да ги почитувам постарите и никогаш во животот не сум се скарала или кажала нешто лошо на некој постар од мене“, рекла Александра при гостување во емисија.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*