Душко: Помалата ќерка покажува афинитети кон музиката

Двете негови ќеркички веќе одат по неговите стапки. Фолкерот Душко Георгиевски открива дека поголемата

ќеркичка веќе е на Правен факултет надвор од нашата земја, додека пак помалата, покажува афинитети кон музиката, слично како на тато.

-Поголемата веќе ни се отргна од дома студира во Австрија. Не сакаше да одбере музика, тоа си е нејзин избор, Правен факултет, додека помалата веќе покажува поголеми афинитети кон оваа работа. Во изминативе две години, додека снимав спотови каде што ми требаше девојче да отсвири флејта или да биде со другите девојчиња ја ангажирав поголемата ќерка, така што малата е сега деветто одделение, меѓутоа иучува клавир и мислам дека нејзиниот животен пат барем за сега како што се изјаснува би било музиката, вели Душко.

Токму и насловот на инструменталката од Душко на која тој свири флејта, го посветува на Мила, неговата помала ќеркичка, како поттик за нејзино понатамошно унапредување кон музичките води.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*