Албумот на Ѓоко Јовиќ ќе биде готов за десетина дена !

Ѓоко Јовиќ го најавува неговиот нов албум. Тој вели дека на албумот ќе има 10-11 песни, а  истиот се очекува да биде готов за десетина дена, односно пред заминувањето на турнеја во Австралија.

Ѓоко Јовиќ при неговото гостување во ИН Продукција го најави новиот албум, кој според него треба да излезе за десетина дена. Тој истакна дека интензивно се работи на новите песни, кои се во соработка со Лазар и Ена Цветковски.

-И минатиот пат кога бев кај вас во емисија кажав дека се работи на нов материјал. Еве останаа уште неколку песни недоработени, значи буквално се работи на нив. Морам да ги поздравам Ена и Лазар, најдобрите во Македонија. Албумот се очекува за неполни десет дена.-открива пејачот.

Јовиќ вели дека на албумот овој пат ќе има 10-11 песни, додавајќи дека станува збор за навистина убави и квалитетни песни.

-Отприлика од осум до десет, а може да има и единаесет. Како што тргнавме прво рековме дека ќе има осум, после тоа ај девет ќе ставиме, сега излегоа десет, сега уште една единаесетта, изгледа ќе бидат сите. Но навистина се добри песни.-додава Јовиќ.

Покрај снимањето на новиот албум, Ѓоко и Енерџи бенд во моментов се подготвуваат за нивната 5-та турнеја во Австралија. Како што откри пејачот, менаџерот им јавил дека картите за повеќето нивни концерти се веќе распродадени.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*