Џеј Ло предизвика нова бура во секси мини фустанче !

Џеј Ло повторно во центарот на вниманието. Таа на шоуто “World of Dance” се појави во ултра кратко бело фустанче и со извонредниот стајлинг предизвика нова бура коментари од јавноста и модните критичари.

48-годишната латино дива секогаш блеска, посебно откако е среќно заљубена во својот партнер. Секако, станува збор за Џенифер Лопез која беше ѕвезда на претставувањето на втората сезона на шоуто “World of Dance”.

Актерката и пејачка се појавила во ултра краток бел фустан од ателјето “Ester Abner”, а во прв план беа истакнати нејзините нозе. Но, токму ваквата креација ги подели мислењата на модните критичари.

Некои сметаат дека на латино убавицата ѝ прилегаат сите модели на фустани, а други дека таа треба да се држи до нејзиниот заштитен знак: тесен и долг фустан кој најдобро ги истакнува облините по кои Џеј Ло е позната.

Високите “Jimmy Choo” потпетици, накитот од сопствената колекција, совршениот коњски реп и шминката во земјени тонови одлично го надополниле нејзиниот стајлинг, а дали ваквите фустани ѝ прилегаат на пејачката, одлучете сами.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*