Бумбари бенд со полна агенда настапи за годинава

Периодов се ангажирани на семејни прослави, свадби, а во моментов се во преговори за турнеја надвор од земјава. Бумбари бенд веќе неколку години не оствариле концерт во странство, но се надеваат дека за скоро време повторно ќе отпатуваат во некоја од подалечните земји.

Полна агенда со настапи за Бумбари бенд во претстојниов период. Покрај големиот број ангажмани во нашата земја, бендот има неколку покани за концерти надвор од Македонија.

-Свадби има доста, задоволни сме. А инаку има и за странство, па сега лека полека ќе видиме ако се договориме. Во секој случај има понуди па ќе видиме што ќе се случува во текот на 2018-та се надеваме дека ќе биде уште подобра и побериќетна од минатата.-вели Тони Наумов, член на Бумбари бенд.

Со оглед на тоа што во последните години тие настапуваат само во Македонија, се надеваат дека за скоро време ќе се реализира некоја турнеја во подалечните земји.

-Планираме да излеземе од Македонија поради тоа што неколку години сме претежно тука, така да се надеваме дека некоја од овие понуди коишто ни се веќе на дофат, ќе ги прифатиме малку за промена.-додаваат од бендот.

Тие деновиве во соработка со ИН Продукција снимија видео проект за нивните нови кавери, со кои сакаат да ја потсетат публиката на малку подзаборавените, но квалитетни македонски песни.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*