Благица Павловска е голем вљубеник на кучињата

Кучињата ги сакам највеќе на светот, а важи и за нивни најголем штитеник фолк дивата Благица Павловска

во своето секојдневие е опкружена со нив. Таа, како што вели не чувала постојано кучиња, но тоа е се повеќе застапено кај неа изминативе неколку години. Едноставно нејзиниот ден неможе да започне без нив.

-Многу луѓе и незнаат дека , јас не сум чувала постојано и цел живот кучиња. Кога бев помлада чував. Земав едно големо и неможев да се справам со него , тоа беше некоја мешавина, порасна големо и не бев спремна да го чувам. Го дадов во едно село кај човек што чуваше овци, едноставно си ја најде својата слобода. Ние дома чуваме помали кученца кои не растат големи, вели Благица.

Поради преголемата љубов кон овие домашни миленици, Благица изразува огромна разочараност за периодот во кој се уништуваа кучињата, односно нивното труење од страна на човекот.

-Ги сакам и откако мојата Викротија е отруена , реков ќе се посветам максимум и ќе помагам колку можам во мои можности за бездомните кучиња. Тие не се виновни. Кај нив треба на ниво на институција да се грижи за нив. Македонија има доста луѓе кои се грижат за ваквите бездомни кучиња. Тоа треба да се донесе преку Закон. Има доброволци кои ќе учевствуваат во сето тоа , секако во една таква акција ќе учевствувам и јас, вели Благица.

Благица не го крие фатот што во својот дом има три кученца кои и даваат секојдневно позитивна енергија а воедно и го разубавуваат секој напорен ден.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*