Душко: Мојата адвокатура на почетокот не ја сваќаа сериозно!

На почетокот кога почнав да се бавам со мојата адвокатура, мислам дека не ме сваќаа сериозно како адвокат,

вели фолкерот Душко Георгиевски кој својата кариера најнапред ја изгради на сметка на музиката. Како што додава тој воопшто не прекинал да пее, туку паралелно ги исполнувал и своите адвокатурски обврски.

-Незнам од кои причини меѓутоа имав такво чувство, но со тек на времето како поминуваше сваќаа луѓето. Еве јас сум повеќе од 15 години адвокат, имам своја саммостојна канцеларија, сватија дека кога се работи едната работа, е издвоена и посебна и не треба и не може да се измеша со другата, додека другата , односно пеењето ми служи за разонода , за дружење со пријатели за убава песна, друштво , вели Душко.

Душко, како што впрочем и самиот истакнува е правдољубив човек , при што настојува секогаш правдата да биде задоволена.

-Секогаш  со моите клиенти зборувам отворено, дали имаме шанси за успех, дали немаме , дали може да се обидеме, сето тоа е отворено, така што овде нема помош од таа страна , ниту пак поле за било какви импровизации. Сепак, според мене правото е егзактна наука и ако некој не го смета за такво и ние сме начин да овозможиме на правдата да излезе на виделина, додава Душко.

Според него задоволувањето на правдата е една огромна сатисфакција , нешто што впрочем  го посакува секој адвокат.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*