Група Тандеми најавуваат снимање на спот за нивната прва печалбарска песна

Скопската група Тандеми најавуваат снимање на спот за најновата песна насловена “Гурбет”.  Ова е прва нивна печалбарска песна.

Група Тандеми деновиве ја снимија нивната најнова песна со наслов “Гурбет”. Тие при гостувањето во ИН продукција најавија и снимање на спот за оваа песна, која е со печалбарска тематика.

-Имаме снимено песна Гурбет, текст на Гаге, аранжман на Саше Младеноски, снимена во студиото на Саше. Таа ни е најнова, за неа ќе правиме спот. За Гурбет е, значи печалбарска песна, прва наша печалбарска.-истакна Горан, вокалот на група Тандеми.

Од бендот велат дека во моментов подготвуваат уште една песна која ќе биде во помодерен стил.

Кога станува збор за фестивалите, Група Тандеми ретко може да ги видиме на некои од нашите фестивали. Тие повеќе се зафатени со настапи на семејни веселби низ Македонија, како и снимање нов материјал. Последен нивни настап на фестивал бил пред неколку години на Охрид фест.

-Последниот фестивал ни беше Охридски трубадури со песната Љубиш лажеш, текст и музика на Боби Серафимоски, аранжман на Саше Младеновски. Инаку да се пофалиме дека таа песна беше наменета за Харис Џиновиќ, но ние си ја зедовме и си ја направивме на македонски.-додаде пејачот.

Тие неодамна во соработка со ИН Продукција снимија видео проект за нивните нови кавери, односно миксови со македонски народни и забавни евергрини.

 

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*