Анабела се огласи за големата трагедија

Младиот пејач Ѓуки Ѓурановиќ (32) загина синоќа во тешка сообраќајна несреќа. Оваа трагедија ги погоди

неговите најблиски меѓу кои и пејачката Анабела која многу му помагаше во кариерата.

Анабела низ солзи за српски „Блиц“ вели дека не може да се помири со несреќата.

-Се слушнавме пред три дена. Му го честитав роденденот. Ми вети дека ќе прославиме и ќе се дружиме. Тој доби бебе пред една недела. Си бевме поддршка, не можам да верувам дека го нема, истакна пејачката.

Таа многу тешко ја прими тажната вест, а вели дека сите се во шок.

-Сега зборував со неговата кума. Неговото семејство е во шок, не знаат што точно се случило, додаде Анабела.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*