Душко Георгиевски: Луѓето од ИН продукција знаат одлично да си ја одработат работата

Успешна година на работен план остави зад себе фолк пејачот Душко Георгиевски, кој бележеше настапи на повеќето фестивалски изданија низ нашата земја, како и неговиот видео запис за песната “Рано е” кој се реализира во сооработка со ИН продукција.

-Имав настапи на неколку фестивали, меѓу кои и “Роса ” фестивалот на кој што секоја година традиционално учевствувам. Во продукција на ИН продукција го снимивме видео записот за песната “Рано е”, која што беше доделена според законот за подршка на домашната музика, една прекрасна соработка. За мене нешто ново, во секој случај, затоа што некако од Скопје ни е далеку специјално да доаѓаме до овде во Охрид, меѓутоа морам да признам, прекрасни предели, луѓето во продукцијата знаат да си ја одработат работата , да се искористат сите тие природни убавини што ги имаме и мислам дек добивме едно убаво спакуван производ, истакнува Душко.

Секако, вложениот труд наиде на голема позитивна критика од страна на музичката јавност, особено како што нагласува Душко посебен впечаток се живописните предели кои доминираат во видео записот. Посебно пофалба заслужува и самата мелодија, која е на многу добар начин пренесена и певлива.

-Има своја музичка смисла и содржина , убав текст и мислам дека тоа е рецептот за да се добие еден убав производ, додава Душко.

Во периодов кој следува покрај многуте работни ангажмани на професионален план, Душко најавува нови песни и настапи.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*