Потполно гол ја најави новата песна

Во последно време Роби Вилијамс сè почесто можеме да го видиме без облека. Познатиот пејач повторно се разголе, а овој пат за својот „експеримент“ избра природно опкружување.

Имено, Роби гол прошета во шума, а на блиското дрво остави порака.

„Не можам да ветам дека ќе те сакам до крајот на животот, но знај дека ќе бидам тука до крајот на мојот“, гласеше пораката на Роби Вилијамс залепена на дрвото.

На овој начин Роби Вилијамс ја најави новата песна, која наскоро треба да се појави. Новата фотографија на познатиот пејач предизвика лавина коментари, а многумина наведоа дека со нетрпение го очекуваат новиот хит и дека убав стих одамна немале слушнато од него.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*