Наум Џуклески подготвува нови мелодии

Наум Џуклески постојано подготвува нешто ново. Покрај проектите кои веќе ги најави во емисијата “Промо”, тој во моментов работи на нова песна со поп ритам за којашто вели дека ќе биде доста интересна, бидејќи истата има мали примеси на фолклорна музика.

Наум Џуклески работи со полна пареа и подготвува нови мелодии. Тој истакна дека поголемиот дел од неговото слободно време го минува во неговото музичко студио каде во моментов работи на повеќе проекти.

-Постојано работам, значи кога сум дома, претежно сум во моето музичко студио и работам. Правев некои нови мелодии за песни, но сеуште не сум одлучил на кого ќе ги дадам.-вели музичарот. Наум не работи само на фолк музика и како што открива токму во моментов подготвува една прекрасна песна која е во поп ритам.

-Последната моја песна којашто ја подготвувам во моментов е повеќе поп песна, значи со повеќе такви елементи. Има мала нишка на фолк елементи. Не е поп фолк, поп песна е, но со мали примеси на фолклорна музика.-додава Џуклески.

Инаку, тој во моментов работи на проект со момците од Селект бенд, а воедно го подготвува и неговиот етно проект со наслов “Наум и пријателите” во кој ќе бидат вклучени голем број музички имиња од македонската естрада.

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*