Емина Јаховиќ промовираше албум и дует со Жељко Јоксимовиќ

Емина Јаховиќ во секси проѕирен фустан го промовираше новиот албум, како и дуетот со Жељко Јоксимовиќ. Ова е нејзино 6-то цд, а Емина е автор на сите нејзини песни.

Пејачката Емина Јаховиќ во Белград го промовираше својот нов албум со наслов “Понатаму” , како и премиерата на песната за „Два авиона“ која Емина ја сними и отпеа во дует со Жељко Јоксимовиќ.

Облечена во црн проѕирен фустан од тантела, Емина налик на црн лебед блескаше на промоцијата. Интересно е дека самата Јаховиќ е автор на сите песни на албумот.

На шестото цд на Емина има осум композиции, а песната „Два авиона“ е четвртиот сингл од ова издание, по големиот хит „Лимунада“ и песните „Карма“ и “Против сите“.

Во продолжение погледнете го спотот и слушнете го дуетот на Емина и Жељко !

 

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*