Ташко Каранфиловски : Туше е човекот кој ми помогна околу мојата кариера !

Ташко Каранфиловски соработува со голем број музичари од македонската естрада, но ја истакнува големата и успешна соработка со Благојче Стојановски Туше. За овој познат пејач, Ташко вели дека е како негов брат и дека доста му помогнал околу музичката кариера.

Ташко Каранфиловски важи за еден од најангажираните млади пејачи на македонската естрада. Тој често настапува низ локалите во земјава и надвор од неа, а како што вели соработува со голем број музичари од нашата сцена.

-Соработувам со повеќе музичари, но најчесто можат да ме видат со Тренд бенд”, група Плетенка и секако како соло пејач на фамилијарни веселби со повеќе групи.-вели Ташко.

Тој најповеќе ја истакнува соработката со добропознатиот пејач Благојче Стојановски-Туше за кој вели дека доста допринесол за неговата музичка кариера.

-Со Туше е преголема соработката, живееме можам да речам како браќа, тој е човекот кој навистина ми помогна околу мојата кариера за денес јас да сум тука и да го постигнам ова што го имам постигнато. Ми ги кажува стапките по кои тој одел во животот и морам да напоменам дека навистина е голем човек.-додава пејачот.

Ташко неодамна промовира два видео записи за песните Не тагувај лично моме и Ќе се каеш верувај, кои се во соработка со ИН Продукција. Тој за следниов период најави и снимање на уште две видеа.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*