Кирил Белистојаноски најавува цд и снимање нов видео запис

Во подготовка е првото цд на Кирил Белистојаноски. Цд-то на кое како комплетен автор се јавува Гоце Џуклески, се очекува да излезе до крајот на годината. Тој за следниот период најавува и снимање на видео запис за една од неговите фестивалски песни.

Кирил Белистојаноски најавува нови песни и цд. Тој вели дека се веќе започнати подготовките за тоа цд, на кое комплетен автор ќе биде Гоџе Џуклески, а истото се очекува да излезе до крајот на годината.
Тоа ќе биде наше авторско цд. Односно авторски се на Гоце Џуклески, во моја изведба и со различни аранжмани. Тука се повеќе автори, подготвуваме ново цд , остана уште малку, па се надеваме дека до крајот на годинава ќе излезе новото цд.-истакна Белистојаноски.

Покрај подготовката на новото цд, тој за следниот период најавува и снимање на видео запис за песната “Запејте другари”, со која настапи на Роса фест 2016.
-Планирам за скоро време да снимам и видео запис. Минатата година настапив со нумерата “Запејте другари”, па тоа ќе биде следно што планираме да се направи. Таа песна ми испадна боемска, весела на која што можеме да се затекнеме сите колеги, да седнеме на маса да се развеселиме.-додава тој.

Кирил Белистојаноски пред 16 години се преселил во Охрид, кога започнал да работи како професор во музичкото училиште Методи Патче. Како што ни открива веќе 15 години се дружи со македонската народна песна. Неговите почетоци се со КУД “Ѓердан” од Охрид, со кој бележи голем број настапи надвор од нашата земја.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*