Гоце Џуклески ги промовира двете најнови цд-а

Премиерно во новата емисија “ПРОМО” на ИНТВ, познатиот музичар Гоце Џуклески ги промовира двете најнови цд-а со наслов “Свадбарско-естрадни ора” и “Балади за вечна љубов”.

Гоце Џуклески премиерно во емисијата “ПРОМО” на ИНТВ ги промовира двете најнови цд-а. Едното цд е со наслов “Свадбарско-естрадни ора”, а другото “Балади за вечна љубов”.

-Се работи за моите 16-то и 17-то по ред цд. Издадени се преку издавачката куќа Мистер компани пред неколку месеци. Се работи за свежи проекти. Тоа цд коешто е насловено Балади за вечна љубов би кажал неколку зборови. Се работи за компилација од повеќе балади, јас тука се јавувам како автор, значи се работи за мое авторско цд. Се јавувам како автор на музиката на сите композиции. Снимени се последниве две-три години со различни изведувачи како што се Сузана Спасовска, Милица Кузмановска, Екстра бенд-Битола и мојот драг колега Кирил Белистојановски и Ѓоко Дичоски.-истакна музичарот.

Џуклески вели дека неслучајно албумот носи наслов “Балади за вечна љубов” и дека тоа е од причина што сите нумери кои се ставени на цд-то се во тој стил работени, љубовни балади.

-Со Сузана и Милица јас соработувам долги години наназад. ЗНачи со тие пејачки не само што сум и личен пријател туку имам и освојувано многу награди, учества по многу фестивали. Со Милица учествувам од 2001-ва 2002-ра би рекол, на Охрид фест освоивме три награди со песната која веќе е обнародена се вика Мој мераку. Инаку првата соработка со Милица ми беше далечната 1997-година. Кога таа испеана една прекрасна моја песна на познатиот фестивал Цветници.-додава Џуклески.

Тој неодамна сними видео запис за орото “Охридска чалгија” кој се снимаше во Охрид, во соработка со ИН Продукција.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*