Петар Ангелевски доби доста позитивни коментари за неговото прво оро

И младиот гајдаџија Петар Ангелевски презадоволен од соработката со ИН Продукција. Тој неодамна го сними првото оро, за кое доби доста позитивни коментари. Со оглед на тоа што често настапува на свадби низ земјава, веќе има закажани настапи за годинава и очекува да има многу повеќе од претходната 2017-та.

Петар Ангелевски неодамна ја започна соработката со ИН Продукција. Тој е презадоволен од неговиот прв видео запис за орото Македонска селска гајда, кој се снимаше во Демирхисарскиот крај.

-Од соработката со ИН Продукција сум презадоволен, ова беше мое прво оро и како прво самостојно имам многу пофалби секако позитивни, но и негативни критики од една страна.-вели Петар во интервју за ИН ТВ.

Младиот гајдаџија најчесто настапува на свадби и како што вели минатата година оствари голем број настапи. Оваа година тој очекува да има уште повеќе свадби, но би сакал да учествува, односно да биде поканет и на семинар за гајди надвор од Македонија.

-Па пред се повеќе свирки, свадби каде и да викнат јас сум отворен за соработка. Значи пред се очекувам повеќе свадби да има, повеќе свирки. Истотакапоради тоа што одам и на семинари се надевам ќе ме викнат и некаде надвор од земјава да гостувам.-додава Ангелевски.

За големиот христијански празник Водици имаше настап во Кичевско село кадешто за празникот се свири гајда.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*