Ѓоко Јовиќ : Македонија е една од најквалитетните земји кадешто се раѓаат музичари !

Ѓоко Јовиќ, еден од најдобрите вокали во Македонија, истакна дека нашата земја е една од оние земји кадешто се раѓаат врвни музичари. Според него тој квалитет не е доволно искористен поради малата медиумска поддршка и малиот број музички емисии.

Македонија е една од најквалитетните земји кадешто се раѓаат музичари и пејачи. Ова го истакна Ѓоко Јовиќ, еден од најдобрите вокали во земјава при неодамнешното гостување во ИН Продукција. Но тој квалитет кај нашите музичари не е доволно искористен, а тоа според него се должи на недоволната медиумска поддршка.

-Реално не е искористен, затоа што немаме медиуми освен ИН ТВ јас навистина не познавам некоја телевизија којашто има вакви емисии. Значи којашто има емисии и емисии само за музика.-вели Јовиќ.

За да се подобри ситуацијата со музиката во нашата земја и истата да заполне да оди во  нагорна линија, Ѓоко потенцира дека треба да има што повеќе емисии за промоција на нашите музичари.

-Да се отворат повеќе телевизии, повеќе музички емисии да има. Сите телевизии што се во Македонија мислам дека треба да направат неколку емисии кои што треба да бидат навистина само музички. Барем да траат како што една турска серија трае, незнам колку трае бидејќи не ги гледам. Барем секој ден да има по една таква емисија мислам дека Македонија би процветала во музиката.-додава пејачот.

Ѓоко Јовиќ подготвува нов поп албум кој ќе биде во соработка со Лазар и Ена Цветковски. Тие што веќе ги слушнале песните имаат доста позитивно мислење, а Ѓоко се надева дека истите ќе и се допаднат и на целокупната јавност.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*