Чуктераш посветена на своето семејство

Некогаш популарната пејачка, Славица Чуктераш, по мажењето со фудбалерот Владимир Аврамов го остави микрофонот на страна и му се посвети на семејството.

Имено, пејачката со фудбалерот има ќерка по име Викторија која неодамна наполни една година.

Иако ретко се огласува на социјалните мрежи, Славица денеска објави видео од одморот. Пејачката евидентно е дека ужива во сончањето на некоја егзотична дестинација.

Бидејќи микрофонот повеќе не ја интересира, веруваме дека Славица има многу повеќе време да се посвети себе си, на својот сакан и наследничката.

Инаку, нејзиното последно појавување на сцена беше во третата сезона на шоуто ТЛЗП.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*