„Екстра Бенд Скопје“ снимија свое музичко шоу

Момците кои минатата година ја заокружија со рекорден број на настапи, сериозно го сфатија барањето на публиката и решија во новата 2018 година да изненадат со проект кој ќе допре дури и до најпребирливите музички вкусови.

– Изборот го правевме селективно, односно премногу внимававме на кои песни најмногу реагира публиката, било да е тоа на свадби, свирки или какви и да беа прослави и сето тоа го склопивме во музички сплетови кои се за сечиј музички вкус и душа, велат момците од бендот. Видеата се снимени во соработка со Ване Петковски и неговата ИН Продукција, а веќе се емитуваат по голем број на Тв станици, но може да ги најдете и на официјалниот канал на „youtube“ на Ин продукција.

За потсетување, „Екстра Бенд Скопје„ во 2017 година го промовираа и спотот за песната „В’туѓа земја не останувам, а проектот со преработките на популарни хитови е само најава и почеток на богатата музичка година за бендот.

Be the first to comment

Leave a Reply

Your email address will not be published.


*