Kако ја создаваше духовната песна “Крштевај Св.Јован крштевај”

“Крштевај Св.Јован крштевај”, песна која фолк дивата Благица Павлоска ја отпеа на едно фестивалско издание на Филиграни, неодамна ја отпеа и во ИН продукција. Благица со посебен осврт зборува за оваа песна, за која вели дека имала препреки да појде до студио да ја сними, но и целото чувство кое ја обземало додека ја создавала песната.

-Така добив желба да направам за Св. Јован Крстител. Има добри и лоши луѓе, аама нема лоши луѓе, само се под влијание на лошото. Само оној што ја сватил смислата може да продолж ипонатаму. Поентата ми е да ја пренесам Божјата волја преку песна. Имаше такви моменти кога требаше да ја направам песната, имаше еден момент . Кога ќе посакаш да испееш песна за некој светител, ќе имаш некои препреки. Имав препреки да појдам во студио за да ја снимам песната. Во еден момент реков дека не можам да ја испеам песната, не можев да ги објаснам тие причини. Но ете веднаш ја снимив песната, вели Благица.

Благица  посебно го истакнува своето огромно задоволство од реализирањето на оваа песна, која е во духовна насока. Инаку, Благица публиката ја знае по големите хитовски рефрени кои ги отпеа во 90те години. Песни кои и денес се неизоставен дел од секоја веселба.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*