Кирил Белистојаноски задоволен од нстапот на Роса Фест

Кирил Белистојаноски со прекрасен настап на Роса Фест. Тој истакна дека неговата песна “Летен дожд” се издвојуваше од другите песни по тоа што беше единствена песна со деветосмински ритам, со убава мелозвучност и со македонски нагласок.


Виолинистот Кирил Белистојаноски имаше успешен настап на годинешниот Роса фест. Кирил на овој фестивал се претстави со песната “Летен дожд”, за која музиката ја направи Гоце Џуклески, аранжманот Сашо Ливрински, а текстот е дело на Гордана Тасеска која е добропознат текстописец.
-Настапивме на Роса и имавме многу убав настап, карактеристичен. Нашата песна на фестивалот се издвојуваше по тоа што беше единствена песна со деветосмински ритам со убава мелозвучност и со македонски нагласок. Имавме многу убав настап, имав поддршка и од нашиот колега Мајкл Карадакоски на кларинет кој исто снимаше во студиото, заедно ја снимавме песната. Така да јас имам убави впечатоци од фестивалот, годинава беше, па продолжуваме понатаму.-истакна Белистојаноски.

Кирил при гостувањето во ИН ТВ откри дека во моментов се крчка уште една нова песна која ќе биде дует со Сузана Спасовска.
Моментално сме во завршна фаза со новата песна која ќе биде дует. Сакам да ви откријам дека заедно со познатата пејачка Сузана Спасовска подготвуваме дует. Па се надевам дека на Охридски трубадури или на некој друг фестивал ќе настапиме со таа нумера.-додава тој.
Виолинистот има голем број настапи низ охридските локали во текот на целата година, а засега тој не планира да оди на турнеја надвор од земјава.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*