Ташко Каранфиловски талентот го наследил од своите предци

Талентот го наследил од своите предци. Ташко Каранфиловски открива дека неговиот прадедо бил музичар, а и неговата баба имала прекрасен глас. Ташко има искуство и со фестивалите низ Македонија, а неговата следна цел е претстојниот фестивал “Цветници”.

Младиот Ташко Каранфиловски талентот за пеење го наследил од своите предци. При неодамнешното гостување во ИН ТВ младиот пејач истакна дека целото негово семејство е музикално.

-Мојата фамилија е отсекогаш музикална, кај нас скоро секој ден дома сме со музика, а талентот го имам наследено од моите предци, морам да кажам дека прадедоми бил музичар, а истотака и баба ми имаше добар глас, пееше многу убаво и ќе ги следиме нивните стапки.-вели младиот пејач. Покрај тоа што има прекрасен глас, Ташко умее да свири и на хармоника.

Свирам хармоника, онака викам како за мерак, со друштво и често сум со неа, скоро секој ден.-вели тој. Покрај неговите настапи на семејни веселби, тој учествувал и на некои фестивали.

-За искуство, бев на Гоце фест за првпат и ја освоив првата награда од публиката која за мене беше најбитна, а и за мене беше преголема награда онака како што викаме за душата и настапив таму. Сега за во иднина подготвуваме некои работи.-додава тој.

Ташко открива дека се подготвува за настап и на фестивалот “Цветници” кој би требало да се одржи претстојната пролет. Песната со која планира да настапи на овој фестивал ќе биде во соработка со познатиот музичар Милан Зафков.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*