Во родниот крај ќе го празнува големиот празник Водици

Македонската етсрада во голем дел е надвор од нашата земја особено во овој јануарски период , каде бележат

бројни турнеи. Таков е случајот и со фолк пејачот Спасен Силјаноски која е на кратка турнеја во далечната Канада а деновиве се очекува да се врати назад во своето родно место и да ги прослави Водичарските празници кои на големо се слават во неговиот кичевски крај.

-Традиционално за еден од нашите големи празници Водици, Св. Јован ќе бидам во моето родно село Пополжани, Кичево и имам дадено збор за тој празник не одам да настапувам никаде. Сакам да бидам со моето семејство , празнувам. Празнуваме три дена, машки, женски и кокошкини Водици. Тоа е нешто неопшишливо , живееме за тој ден. Преку цела година сум на настапи надвор од Македонија , тој ден го оставам секогаш за да бидам дел од мојата традиција со најблиските, вели Спасен.

Како што додава Спасен, токму тука на тоа празнување со неговите најблиски ја полни енергијата која и тоа како ќе му биде потребна за текот на оваа година.

Be the first to comment

Leave a comment

Your email address will not be published.


*